Хил изненаден од чудните перформанси во Катар

Дејмон Хил е изненаден од чудните перформанси на некои болиди за време на трката во Катар. 

Многу возачи беа доста побрзи на трката отколку на квалификациите, а посебно тимот на Астон Мартин. Ленс Строл заврши на 6та позиција откако стартуваше од 12та, додека неговиот колега, Себастијан Фетел, заврши на 10то место. Естебан Окон од Алпин заврши на 5то место, а слично беше и со Перез и двете Ферари. 

Чудно е како некои болиди беа доста подобри на трката отколку на квалификациите. 

Само еден тим немаше подобри перформанси и тоа беше АлфаТаури. Пјер Гасли стартуваше од 2ро место и заврши надвор од поени. 

Имаше доста забава во Катар и се престасуваше насекаде. Имаше доста преместувања на позиции и многу борба во средниот ред, Но напред не видовме борба и тоа е малку вознемирувачки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ