Хил смета дека Биното треба да добие техничка улога во Маранело

Поранешниот Ф1 првак, Дејмон Хил, смета дека Ферари треба да го вратат Матиа Биното на некоја висока техничка улога во тимот наместо да отстрануваат толку силен кадат од екипата.

По проблематичната ланска сезона која почна одлично, но тимот загуби чекор, Биното ја напушти компанијата за да направи место за Фредерик Васур кој го превзема рааководењето со екипата. Но, резултатите на италијанците на првите пет трки се разочарувачки за фановите, а СФ-23 е неконстантен и бавен на трките, единствено силен на квалификации.

Во моментов Матиа отслужува задолжителна пауза по напуштањето на Скудерија, а се повеќе се пишува дека Алпин се заинтересирани за него како замена за Отмар Шафнауер, кој полека влезе во конфликт со Главниот извршен директор, Лорен Роси.

мислам дека тимски шеф не беше вистнска улога за него откако беше промовиран на таа позиција во 2019 година. тој е техничар, инженер и како таков е многу важен за екипата. претерано е талентиран и ако се прашувам јас, би го вратил како технички шеф во тимот со големи овластувања, иако не знам дали е тоа можно на некој начин – посочи хил.

Дејмон останал изненаден што Ферари не се решиле да го постават Васур заедно со Биното да го води тимот.

мислам дека постои аспект кој нема врска со техничкиот за да се биде тимски шеф и аспект во кој некои луѓе се одлични. се работи за политика околу пари, стратегја и маркетинг. можеби тоа не беше високо во целите на матиа и не сакаше да го прави тоа. но, изненаден сум што ферари не одбраа да стават двајца луѓе на чело на тимот затоа што васур вистински го разбира тркањето, но и техникиот сегмент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ