Хил со критика до Карлос Саинз

Карлос Саинз беше крајно несреќен и разочаран за казната која му беше изречена по контактот со Фернандо Алонсо кој му го уништи пласманот на Австралиското Гранд При, но поранешниот првк, Дејмон Хил, смета дека стјуардите постапиле исправно.

Карлос се обиде да го мине Алонсо при вториот рестарт, но имаше контакт со Астон Мартин болидот по што двократниот првак се изврте крај патеката. Трката многу кусо потоа беше прекината поради неколку инциденти, а следниот рестарт беше по поредокот кој важеше пред вториот почеток.

жалам, но мислам дека карлос направи грешка. прекасно закочи, користеше премногу од асфалтот, како да беше сам, немаше многу што друго фернандо да направи за да се тргне – смета хил.

По трката и самиот Алонсо кажа дека казната за неговиот сонаридник била престрога за таков инцидент од првиот круг, но Хил прави споредба со дуелот на Хамилтон и Верстапен на почетокот од трката.

не може предоцна да кочите, предлабоко во кривината да влезете и да се ставите во лоша позиција. луис направи речиси идентичен потег против макс, но мина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ