Хонда без двоумење прифатиле и догодина да произведуваат мотори

Хонда чувствувале дека мора да го прифатат барањето за следниот мотор од Ред Бул поради огромната почит која ја имаат кон Хелмут Марко и Франц Тост.

Јапонците си заминуваат од Формула 1 на крајот од оваа сезона по што Ред Бул ќе ја превземат нивната интелектуална сопственост и самите ќе го развиваат моторто во Милтон Кинс. Но, следната година моторите со кои Ред Бул и АлфаТаури ќе се тркаат ќе дојдат од базата на Хонда во Сакура, на барање на Ред Бул на кои им треба повеќе време за транзицијата.

Масаши Јамамото откри дека кога тимот го побарал тоа од нив, тие веднаш прифататиле поради фантастичниот однос кој го имале со луѓето кои се дел од Ред Бул.

тие веруваа во хонда и моравме да најдеме начин да им вратиме. ќе го завршиме нашиот формула 1 проект на 31 декември, но добивме барање од ред бул и алфатаури кои сакаат да продолжиме со соработката за да останат конкурентни. поради тоа во моментов разгледуваме како да продолжиме со соработката за да стигнеме до заедничката цел – објасни јамамото.

Своите инженери кои работеа на Формула 1 проектот на јапонскиот производител ќе продолжат да работат со чисти горива кои не загадуваат, но и покрај тоа, некои од нив ќе продолжат да работат на агрегатот поради жестоката борба помеѓу Ред Бул и Мерцедес.

годинава се бориме за титула и немаме време ад го пренесеме целото наше знаење на ред бул и поради тоа што времето е кусо, пренесувањето на знаењето ќе го направиме следната година.

најголем дел од инженерите ќе ги префрлиме на проекти насочени кон намалување на загадувањето и размислуваме колу инженери ќе останат како поддршка на ред бул догодина.

Јамамото откри дека инженерите научиле навистина многу од неуспесите и успесите и тоа им помогнало да го извадат најдоброто сезонава.

пред две години буквално само го наместивме нашиот мотор во шасијата на ред бул, не можевме да направиме ништо од тоа што го бараа, но интеграцијта на моторот и шасијата многу напредна од тогаш.

во однос на перформанси, ние во хонда правиме одлична работа, го подобривме моторот со внатрешно согорување, како и системот за повраток на енергијата.

Најголем напредок моторот на Хонда годинава имаше во сегментот брзина на правци, така што користењето на електричната енергија од батериите се врши подолго време. Со тоа, тие се многу поблиску до Мерцедес во однос на перформанси.

претходно секогаш ние бевме моторот кој губи на правците, тоа е дефицит во времето по круг, но лошо е и по претекнувањето. тоа беше наша слаба страна која мислам дека во многу ја поправивме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ