Хонда и Ред Бул ќе соработуваат до 2025 година

Хонда го продолжи договорот за техничко парнерство со Ред Бул до крајот на 2025 година.

Јапонците официјално како доставувачи на мотори си заминаа од спортот на крајот од минатата година откако ја освоија титулата со Макс Верстапен. Хонда Рејсинг Корпорејш помогна при формирање на Ред Бул Пауертрејнс за да им помогне за моторите на Ред Бул и АлфаТаури. Оригиналниот договор беше да помагаат до крајот на 2023 година, но сега истиот е продолжен до 2025 година. 

Ред Бул и Хонда имаат успешно партнерство и задоволни сме што ќе останеме заедно до крајот на оваа ера на мотори во Формула 1 – откри Кристијан Хорнер. 

Ред Бул и Хонда започнаа со соработка во 2019 година откако една година претходно работеа само со Торо Росо. Во 2021 година дојдоа до возачката титула со Ред Бул, а оваа сезона победија на 9 од 13 трки во првиот дел. Претседателот на ХРК, Коџи Ватанабе додаде:

Се согласивме да продолжиме со подршка на Ред Бул Пауертрејнс преку ХРК и на нивно барање го продолживме договорот. Уште еднаш ја покажавме нашата цел за развој во врвниот моторспорт. 

Ред Бул е водечки кај конструкторите и Верстапен е на првата позиција кај возачите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ