Хонда најавуваат дека ќе го спасат моторот на Макс

Јапонските инженери од Хонда сметаат дека штетата на моторот на Макс Верстапен која ја претрпе по сударот во ограда на Британското Гранд При не е толку голема, но потребни се дополнителни проверки во централата во Сакура.

По дуелот од првиот круг на Големата награда на Силверстон, Верстапен и Хамилтон се бореа на летечкиот Копс пред холанѓанецот да го извлече подебелиот крај и да заврши во ограда крај патеката во судар од 51Г.

Ред Бул се плашеа дека шасијата е целосно уништена, исто како и моторот, но се чини дека тоа нема да биде така и дека Макс нема да го користи својто трет и последен мотор по само 10 трки.

Борбата помеѓу Ред Бул и Мерцедес е жестока така што назадување поради промена на мотот ќе биде голем удар за Макс и тимот.

Тојохару Танабе, техничкиот шеф на Хонда откри дека се плаши од најлошото за моторот штом ги виде остатоците од болидот на Макс, но откри и дека првичната анализа му дала оптимизам за ситуацијата иако потребна е темелна инспекција во Сакура пред финален заклучок.

кога прв пат ги видов сликите од болидот кога е ставан на камион, мислев дека штетатаа е огромна, но реалноста е дека е помала од тоа што се гледа. сепак, вистинската штета не може да се процени по изглед, мора да се испита детално болидот.

треба да го пратиме во нашата централа во сакура и целосно да го провериме пред да донесеме одлука дали ќе продолжиме да го користиме – објасни танабе.

Запрашан дали моторот ќе има последици од самата силина на сударот од 51Г, Тојохару одговори:

искрено не знам затоа што штетата зависи од локацијата на ударот

Со ограниченото трошење, најголем проблем по некој вака силен судар се финансиите затоа што се потребни дополнителни финансии за да се поправи болидот, а сето тоа е на смета на ограничените пари. Проценките велеа дека за порпвка на болидот на Ботас Мерцедес потошија над 1 милион фунти по Емилија Ромања, а штетата кај Верстапен беше барем толкава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ