Хонда најмногу работела по информации на Верстапен

Хонда работела најмногу со информациите и податоците кои ги давам Макс Верстапен оваа сезона иако нејзините мотори ги возеа уште тројца возачи. 

Оваа година беше последна за Хонда во Формула 1 бидејќи тие и заминуваат од спортот. По четири години со Торо Росо и три со Ред Бул, јапонците ги продадоа правата за моторите на Ред Бул кои сами ќе треба да ги изработуват. 

Не треба ништо да се каже за достигнувањата на Макс. ТОј беше одличен, а информациите кои ни ги даваше беа доста важни. Тој е неверојатно брз возач и многу детално ни објаснуваше како да се развиваме. Сите возачи работеа за нас, а посебно Макс – посочи шефот јамамото.

Тој сепак им е благодарен и на Перез и Тсунода. Мексиканецот е навикнат на моторот на Мерцедес со кој возеше осум сезони, додека Тсунода ја возеше првата Формула 1 година. Јамамото смета дека наредната сезона ќе биде транзициска и Хонда сака да има мирен пренос на правата на Ред Бул. 

Дефинитивно ќе ги подржиме Ред Бул и АлфаТаури за да се најдобри што можат. Секако тоа ќе биде предизвик и вистина е дека сакаме Ред Бул да биде доста поврзан. Ќе работиме колку што е можно повеќе. Сакаме да им помогнеме бидејќи ние сме Хонда. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ