Хонда очекува враќање на Мерцедес

Додека беа воодушевени од победата на Серхио Перез во Азербејџан, Хонда целосно очекува Мерцедес да се врати во борба по тешките неколку трки.

После многу тежок викенд во Монако, Мерцедес се упати кон Баку со надеж дека ќе го остави тој неуспех позади себе. Раните знаци беа далеку од ветувачки, но на квалификациите, Луис Хамилтон се најде во првиот ред, иако Валтери Ботас продолжи да се бори со неговиот болид.

Во трката, се чинеше дека Хамилтон ќе стигне до победа по рестартот во свиокот број 1, но откако случајно притисна на копчето што му го смени балансот на сопирачките, тој се блокираше и излета од патеката, оставајќи ги поените и победата на Перез.

Со исклучок на несреќата на Верстапен, тоа беше добра трка за Хонда.

Тоа беше првата трка во која влеговме како лидери и во шампионатот на возачи и на конструктори. Можеме да работиме кон следната трка на истата позиција. Има уште некои области што треба да ги разгледаме, но резултатот од оваа трка беше добар.

Четири болиди стигнаа до К3, а два болида беа на подиумот. Во тој поглед, чувствувам дека болидите и моторите на двата наши тимови еволуираа повеќе од кога било.

Мерцедес, сепак, не седи мирен, тие ќе возвратат. Овој резултат е добар, но тоа не значи дека ќе бидеме добри на следните трки – изјави технички директор на Хонда, Тојохару Танабе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ