Хонда повторно ќе го проверуваат моторот на Верстапен

Хонда дополнително ќе ја испитува пукнатината во моторот на Макс Верстапен кој беше заменет пред неделната трка за Големата награда на Унгарија и јапонците ќе бараат начин да го оспособат агрегатот за во иднина.

Моторот на холанѓанецот беше проверен за време на петочните тренинг сесии откако во Сакура се било во ред со истиот. Петокот мина во најдобар ред, беа одработени и квалификациите, но потоа јапонците виделе проблеми во податоците и решија да го променат.

Моторот е оној со кој Верстапен излета при 280 кмч и удри во ограда со силина од 51Г на Британсото Гранд При.

ќе го вратиме моторот повторно во фабриката во сакура за да ја испитаме ситуацијата со пукнатината која се појави и нејзината позиција. потоа можеме да видиме што ќе се случи во иднина и дали можеме да ја поправиме.

промена на делови не е можно затоа што е забрането и мораме да видиме дали истата може да се поправи од надвор. резултатот од анализата ќе каже дефинитивно дали ќе може моторот да се користи во идиниа или не. секако сме во многу тешка ситуација – изјави тојохару танабе, оперативниот шеф на хонда.

Тој откри како Хонда ја открила пукнатината откако во Петок и Сабота истата не била детектирана.

по квалификациите болидот се врати во гаражата и го отстранивме поклопецот за да темелно го провериме моторот. истото го сторивме и пред квалификациите и тогаш немаше никаков проблем, но пукнал за време на квалификациите и масло претекуваше од него. тоа не се гледаше на податоците и перформансите и поради тоа не видовме проблеми претходно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ