Хонда со посебен трофеј за Макс

Хонда во голем стил ја напушта Формула 1, а како израз на благодарност за тоа што сезонава ја освои титулата за нив, му дадоа посебен трофеј на Макс Верстапен.

По крајот на Гранд При викендот во Абу Даби, менаџментот на јапонците му врачи посебен трофеј на возачот. И годинава како и лани, тие немаа домашна трка затоа што организацијата во Сузука се откажа како резултат на пандемијата. Но, кога трката и официјално беше откажана, тие веќе ги имале изработено трофеите за најдобрите на трката, така што решија најголемиот да му го подарат на Макс Верстапен како награда за сезонава.

Компанијата започна партнерство со Ред Бул во 2019 година, со Торо Рсо една година претходно откако од 2015 до 2018 година се мачеше со Мекларен. Победија 16 пати на трка и освоија 15 пол позиции.

се вративме во спортот како снабдувач со мотори во 2015 година намамени од софистицираната технологија за производство на мотори. споредено со нашите ривали, времето минато во развој беше доста кусо, најмногу поради тоа се мачевме и дојдовме на самото дно на почетокот.

сепак, и покрај тоа што имавме огромни логистички потешкотии поради пандемијата, оваа последна сезона се боревме многу силно со нашите ривали и ги победивме. тоа е само поради напорната работа на инженерите и механичарите и не само оние на патеката. тие никогаш не се откажаа дури и кога беше најешко и доашаа до сјајни технолошки откритија. успеавме да ги валидираме и да ја покажеме нивната ефикасност со цел исполнување на амбициите – велат од хонда.

Покрај пропаднатото партнерство со Мекларен, шефот Јамамото му оддаде почит на тимот од Вокинг за нивниот придонес во Формула 1 програмата.

секако дека немаше да ги постигнеме овие резултати без улогата која ја имаа нашите партнери Ред Бул и АлфаТаури кои ни посакаа добредојде и работеа трепливо со нас три години.

не смееме да го заборавиме ни мекларен со кој почна нашата ера во 2015 година како и сите возачи кои работеа со нас и вложуваа максимум за да поситгнеме најдобри можни цели. без овие елементи, без партнерството и страста на секој ччлен од нашето семејство немаше да бидеме тука денеска

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ