Хонда: Титулата на Верстапен е награда за довербата

Тојонару Танабе од Хонда изјави дека титулата на Макс Верстапен и Ред Бул е доказ за мотото на компанијата кое има бескрајна верба во програмата за мотори. 

Хонда во 2015 година се вратија во Формула 1 со Мекларен, но по катастрофалните сезони, тимот се реши да се откаже од нивните услуги. Подоцна почнаа со Торо Росо, а во 2019 година се договорија и со Ред Бул. 

Оваа година тие имаат огромен напредок и му помогнаа на Макс Верстапен да му се спротивстави на Мерцедес и да го освои насловот. 

Ова е огромно достигнување за нас бидејќи имавме тешки седум сезони со мал напредок. Минатата сезона бевме зад Мерцедес, но сега сме среќни што успеавме да ги победиме.

Не ја освоивме конструкторската титула, но мислам дека причината за нашиот успех е дека веруваме во нашата технологија и бевме одлучни да победиме.

Работевме многу на развој за победа, Зборував со момците од Сакура и мислам дека се задоволни од титулата на Макс – посочи танабе.

Абу Даби е последна официјална трка за Хонда на Формула 1 гридот бидејќи тие си заминуваат од спортот и правата за моторите ги продадоа на Ред Бул. 

Работевме со Мекларен од 2015 година и се мачевме со нив. Со Торо Росо започнавме со друго размислување, многу поотворено и подоцна се договоривме со Ред Бул. Се разбравме и стигнавме до најдобриот резултат.

Мислам дека работејќи заедно го подобривме процесот. Дојдовме да победиме на секоја трка со подршка на Сакура и Милтон Кејнс. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ