Хонда: Турција ни помогна околу стартовите на мокро

Од Хонда открија дека лошиот старт на Ред Бул минатата година во Турција им помогнал да изведат одлични стартови оваа сезона како тој на Имола. 

Макс Верстапен имаше неверојатен старт на Гранд При трката во Емилија Ромања каде од третата позиција доде до првата во пресрет на првата кривина и ја задржа таа позиција до самиот крај. Претходно, Ред Бул имаа проблеми поради подесувањата на моторот и спојката. 

Минатата година во Турција, Верстапен и Албон останаа речиси неподвижни на стартот откако се изгаснаа светлата, а по темелната анализа која следуваше во Хонда, јапонците сфатиле што е погрешно и што треба да се промени. Тојонару Танабе изјави дека се среќни со напредокот кој го направиле. 

Ги разгледувавме стартовите од минатата година и знаеме што беше погрешно во Турција. Моравме да дознаеме што треба да се промени. ТОа беше поради комбинација на контролата на спојката и потребната влечна сила од моторот. Системот за старт е многу комплексен и мора да го развиваме според барањата на тимот. Резултатот е јасен и напредокот е видлив. Беше добро да се види како Макс го поминува Хамилтон на стартот.

Хонда направи голем прогрес во текот на зимата со нивниот мотор и имаше добар старт на сезонава со една пол позиција и една победа на првите две трки. Хорнер е задоволен што Хонда успеале да му се доближат на Мерцедес. 

Хонда завршија одлична работа. Мислам дека речиси ги стигнаа Мерцедес минатата година, Но сега се уште посилни и сакаат да си заминат со импресивен резултат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ