Хонда: Хамилтон имаше многу среќа

Шефот на Хонда, Масаши Јамамото, смета дека Луис Хамилтон имал многу среќа оваа сезона во борбата за титулата. 

Тој го зема примерот на Емилија Ромања, автодромот Имола, каде Хамилтон излета во песокот и успеа да се врати на патеката за да заврши на подиум. 

Луис направи грешка и загуби многу време. Подоцна имаше црвено знаме, се поправи неговиот болид и го надомести тоа. Тој имаше многу среќа сезонава – смета јамамото.

Хамилтон и Верстапен го имаа најголемиот инцидент на Силверстон за што британецот доби казна од 10 секунди. додека холанѓанецот заврши во болница. 

Мислам дека инцидентот во Британија е причина зошто беа толку блиску во текот на сезоната. Брзината на Силверстон беше различна, Имавме различна стратегија, Мерцедес беа брзи во првиот сектор, а ние во третиот. Хамилтон форсираше на стартот, но Макс успеа да се задржи до него и се удрија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ