Хорнер бара промена на поставувањето на ДРС линиите

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека Формула 1 треба повторно да го разгледа поставувањето на линиите за детекција пред ДРС зоните за да се избегнат игрите како мачка и глушец кои се случија во Џеда,

Верстапен и Леклер се боре за победа во Саудиска Арабија која кулминираше последните 10 кругови пред крајот на трката. Шарл сфати дека ДРС системот е многу моќен по долгиот правец во Џеда, така што го пропушташе Верстапен намерно пред ДРС линијата, за да на следниот правец со користење на системот го претекне и си ја врати позицијата лесно. Макс брзо ја сфати тактиката на моначанецот, така што круг потоа двајцата многу рано кочеа на последната кривина затоа што никој не сакаше да мине пред другиот преку линијата која дава ДРС можност на правецот кој следува.

еднаш успеа финтата на леклер, но потоа макс сфати што е работата и кочеше многу рано, но можеше да биде опасно и да се направи некој судар, иако беше забавно.

Дуелот секако дека беше возбудлив за гледање и двајцата возачи немаа проблем со таков паметен начин на тркање и пропуштање на последната кривина за да се добие ДРС. Хорнер беше запрашан да го прокоментира нивниот дуел околу ДРС линијата, на што британецот изјави:

дрс е многу моќен на џеда, така што гледате дека си играа како мачка и глушец и кочеа буквално до местото каде вообичаено забрзуваат. можеби треба да се анализират повторно точките на детекција за во иднина, дефинитивно такви ситуации може да битас опасни.

Тој исто така смета дека овогодинешната нова регулатива се покажала правилна иако возачите признаа дека претекнување без ДРС би било многу тешко.

охрабрени сме од новите правила и она што го видовме помеѓу шарл и макс, одноно нивните претекнувања кои се случја можеби 10 пати, нешто што го немаше претходните години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ