Хорнер: Верстапен беше свесен за ризикот при најбрзиот круг

Светскиот шампион беше на прагот да добие казна за време на трката за Големата Награда на Шпанија

Макс Верстапен бил свесен за ризикот да добие потенцијална казна на Шпанското ГП за време на неговиот најбрз круг, според Кристијан Хорнер.

Возачот на Ред Бул доминантно водеше во трката и целиот викенд всушност и само му недостасуваше бонус поен за најбрзиот круг, кој на крајот го обезбеди со 1:16:330 во кругот 61 од 66, за да го обезбеди реткиот подвиг да победи од пол позиција и да води во секој круг.

Доминацијата на Верстапен беше толку голема во Шпанија што единствената сесија викендов во која не водеше беше К1, но беше на прагот на казна во трката откако доби црно-бело знаме за надминување на границите на патеката.

Тој беше предупреден за ова од неговиот инженер за трка, но продолжи со притисокот за дополнителен поен без разлика, а Хорнер вели дека Верстапен го пресудил ризикот.

Тој ги надмина границите на патеката во свиокот 5 во два круга, а потоа го направи тоа повторно во свиокот 10, па беше многу изненаден – изјави Хорнер.

Мислам дека тој не сфати дека има лимит, па неговиот инженер само го информираше дека за уште едно надминување ќе следи казна и да не ризикува за најбрзиот круг

Врската што ја имаат е речиси како стара брачна двојка која дебатира за тоа кој телевизиски канал треба да го гледа.

Макс имаше целосна контрола, беше свесен за ризикот и можеше сосема удобно да го извози најбрзиот круг.

Додека поголемиот дел од гридот користеше софт гуми за да ја започне трката, Ред Бул избра да го стори тоа на медиум за двата болида, применувајќи стратегија медиум-хард-софт и со Верстапен и со четврттопласираниот Серхио Перез.

Можеби беше малку конзервативно да се започне со Медиум – рече Хорнер.

Бевме загрижени дека софт ќе се деградира доста брзо и ќе не стави на врвот на три застанувања, па бевме малку поконзервативни со Макс.

Со Чеко, сметавме дека тоа ќе му даде поголем досег за подобро да го искористи темпото на болидот, и тоа на крајот се покажа прилично добро.

Тоа беше феноменален настап на Макс денес, најпредизвикувачкиот дел од трката за него беше всушност почетокот и тоа што беше единствениот од два болида што стартуваа на медиум.

Почетокот беше добар, но тој мораше да биде цврст, но фер со Карлос во првиот свиок, а потоа одлично ја водеше трката и денеска тој имаше темпо да покрие се што се случува зад него. Изгради разлика од 24 секунди до крајот на трката, што значи извонредна изведба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ