Хорнер ги подготвува тимовите за нов Конкорд договор

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека се подготвува за нов Конкорд договор заедно со Формула 1 тимовите и шефовите на спортот. 

Во него се договорени комерцијалните, финансиските и останатите услови за тимовите кои треба да се обврзат за по 2026 година бидејќи тогаш истекува актуелниот. Сите засегнати страни веќе почнаа со преговори поради зголемената популарност и финансиски раст на спортот. 

Формула 1 е во фантастична форма и мислам дека никогаш не била во подобра позиција. Либерти одлично си ја врши работата, Но мора да се разговара за условите бидејќи сега има поголема вредност и се да се заврши зад затворени врати. – посочи британецот.

Хорнер смета дека тимовите се загрижени за финансискиот дел и должината на новиот договор. 

Траењето на договорот е во најголем интерес за сите бидејќи тоа е јасна насока за иднината и тука се новите правила и цели заедно со техничките, спортските и финансиските правила кои се прават за иднината.

Последните разговори се водеа во 2020 година во истштувачка атмосфера и надминување на роковите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ