Хорнер го демантира Хил дека Њуи размислува за повлекување

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ги демантираше шпекулациите дека нивното главно технички лице, славниот дизајнер Адриан Њуи, размислува целосно да се повлече од Формула 1.

Њуи ја почна својата Формула 1 кариера во 1990тите години во Вилијамс и одтогаш создде многу победнички и шампионски болиди, така што стана многу вреднос средство на екипата од Милтон Кинс.

Во последно време тој не се посветува целосно на Формула 1 проектите, добива и други задачи од Ред Бул, но присутен е колку што е потребно и кога е тоа потребно затоа што своето знаење и експертиза, особено за земјениот ефект кој е база на актуелните болиди, и тоа како помага на тимот.

не сме разговарале за никакви договори, но тој ќе биде тука со нас уште многу години затоа што неговото срце е во формула 1 тој е многу важен дел од нашата екипа и сите во тимот го обожаваат. сеогаш ќе има шпекулации во падокот, таква е формула 1 – посочи хорнер.

Последните гласини за заминувањето на Њуи ги пушти поранешниот првак, Дејмон Хил, кој откри дека преговорите за продолжување на соработката не се одвивале како што би сакале од Ред Бул.

не можам да не го приметам она што го направи во бахреин, седеше со својата табла пред боксот на мерцедес и многу долго време го гледаше нивното предно крило. сите знаат дека тој го има најдоминантниот болид и дека нема што да бара пред гаражата на мерцедес анализирајќи го нивното крило.

дали го гледаше навистина нивното предно крило навистина или се нудеше на тимот д го земат кај себе. тој е долго време далеку најуспешен дизајнер во формула 1 историјата, неговиот успех е неверојатен и секој тим кој освоил титула и го имал кај себе, вели дека тој е клучен. не знам веќе точно колку негови болоди победиле, неговото искуство – објасни хил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ