Хорнер го објасни враќањето на Рикардо во Ред Бул

Даниел Рикардо се појави за прв пат во падокот на трката за Големата награда на Австралија како дел од тимот Ред Бул, а Кристијан Хорнер изјави дека австралијанецот е задоволен од новата улога во тимот.

33-годишниот Рикардо е резервен возач во Ред Бул, но сеуште не се појавил зад воланот иако се шеташе низ падокот во текот на трката. Заедно со Верстапен и Перез беше учестиник во еден квиз.

Добро е што го донесовме назад во тимот. Ова е прва трка на која беше учесник и навистина уживаше. Беше дел од сите состаноци и работеше во симулаторот во Велика Британија како подршка за трката и разовјот.

Неговата позитивна енергија е насекаде и добро е што ја гледаме таа насмевка на неговото лице. Тој е доста популарен во Формула 1 иако не вози, можеби е најпопуларниот возач тука – посочи шефот на екипата.

Хорнер верува дека присуството на Рикардо е позитивно за тимот и верува дека искуството кое тој го носи ќе му помогне на него и на тимот.

За нас е позитивно што го имаме во тимот и тој соработува со екипата, возачите и инжинерите. Се надевам дека ќе ја најде љубовта во спортот.

Тој ќе тестира за нас подоцна и ќе видиме како ќе биде тоа за него, Но мислам дека ова е различно искуство. беше тешко за него што не е возач на трката овој викенд, но се префрли и прилагоди на новата улога.

Рикардо возеше за Ред Бул од 2014 до 2018 година и подоцна возеше две години за Рено пред да премине во Мекларен во 2021 година. Мекларен прерано го прекина неговиот договор и тој остана без тим и место на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ