Хорнер го пофали феноменалниот однос со Хонда

Кристијан Хорнер уште еднаш повтори дека односот на Ред Бул и Хонда бил феноменален од почетокот на нивната заедничка соработка.

Јапонскиот производител се врати во Формула 1 во 2015 година како партнер на Мекларен со кои имаа одличен успех во 1990-тите години, но овој пат не беше така. Следуваше 2018 година кога минаа во Торо Росо, а од следната го снабдуваа и Ред Бул, при што врвот беше достигнат сезонава со титула.

страста, посветеноста и работните навики се нешто феноемално кај нив. кога се вратија во спортот им беше тешко, но работеа со наведнати глави и не се жалеа од првиот ден, а од почетокот на нашата соработка со нив, феноменални се. нивната култура и работка навика се ретко видени.

моторот за оваа година беше изработен 12 месеци пред првичниот план и да не беше инцидентот во силверстон, ќе ја завршевме сезоната со дозволените три мотори – посочи хорнер.

По титулата сезонава, соработката помеѓу двете компании завршува затоа што Хонда со прва титула од 1991 година заминува од спортот. Сепак, Хорнер сака позитивно да гледа на работите и задоволен е што Хонда и во иднина ќе работи на некои проекти со Ред Бул.

освоија прва возачка титула откако последен пат тоа го направија во 1991 година со аиртон сена така што тоа беше огромен успех за нив. ние сме премногу горди од тоа што го постигнавм со хонда и што ни дадоа фанстасичен мотор. заминуваат од спортот, но продолжуваме да соработуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ