Хорнер до Хамилтон: Лесно e да засениш нечиј успех кога ти го немаш

Возачот на Мерцедес е загрижен поради идниот исход од казната за надминување на буџетско ограничување од страна на Ред Бул.

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, возврати на тврдењето на Луис Хамилтон, дека казната на тимот за прекршување на буџетската граница за 2021 година не е доволна.

Екипата од Милтон Кинс доби казна од 7 милиони долари и 10 проценти намалување на аеродинамичко тестирање за тековната сезона, откако беше прогласена за виновна за мало прекршување на тогашната граница од 145 милиони долари.

Но, доминацијата на Ред Бул оваа сезона, со 10 победи од 10 трки, доведе до загриженост поради очигледната попустливост во казната, при што возачот на Мерцедес призна дека е загрижен дека другите тимови може да изберат намерно да ја надминат знаејќи што може да се добие на патеката.

Како возвратен удар, Хорнер изјави:

Верувајте ми, казната што ја добивме со ограниченото време во воздушниот тунел што го имаме во споредба со нашите конкуренти е огромен компромис.

Ако воздушните тунели не се бројат, тогаш зошто едноставно да не се ослободиме од нив?

Секогаш е лесно да засениш нечиј успех кога ти го немаш. Тоа е една од работите во Формула 1 која секогаш ќе продолжи да се случува.

Победа на трката за ГН на Унгарија овој викенд ќе доведе до тоа Ред Бул да го собори рекордот за најмногу последователни победи на еден тим, надминувајќи ги 11те со кои во моментов се изедначени со Мекларен, кој го постигна подвигот со Аиртон Сена и Ален Прост во 1988 година.

Јас сум само неверојатно горд на работата што ја врши нашиот тим со ограничувањата и хендикепот што ги имаме – рече Хорнер.

Да се претставиме на нивото што го имаме оваа година, да постигнеме 11 последователни победи, тоа е извонредно достигнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ