Хорнер е возбуден за приказот на Рикардо во 2023

Австралиецот ќе се врати на гридот со АлфаТаури почнувајќи од Унгарското ГП.

Кристијан Хорнер вели дека Ред Бул се возбудени да видат што Даниел Рикардо може да им понуди на АлфаТаури по неговото враќање од следната трка.

Во вторникот беше објавено дека Ник де Врис е отпуштен од тимот со моментален ефект, со тоа што Рикардо ќе се врати на Ф1 гридот од Големата Награда на Унгарија како тимскиот колега на Јуки Цунода.

Австралиецот се врати на патеката во вторникот, пред промената да биде потврдена, зад воланот на РБ19 во Силверстон при тестирањето на гумите на Пирели, при што перформансите на Рикардо беа импресивни со доволно добро време за да стартува од првиот ред на неделната трка за Големата Награда на Британија.

Одлично е да се види дека Даниел не изгубил никаква форма додека е надвор од трките и дека чекорите што ги прави во неговите сесии во симулаторот се преведуваат на патеката – рече Хорнер.

Неговите времиња за време на тестот на пневматиците беа исклучително конкурентни. Имаше многу импресивно возење и возбудени сме да видиме што ќе донесе остатокот од сезоната за Даниел како позајммица во Скудерија АлфаТаури.

Рикардо претходно возеше за Алфа Таури кога екипата беше именувана како Торо Росо помеѓу 2012 и 2013 година, пред да биде промовиран во сениорскиот тим на Ред Бул за 2014 година по пензионирањето на Марк Вебер од трките.

Тој освои седум победи во пет години пред да замине на крајот на 2018 година за Рено, но замина од тој проект пред да започне сезоната во 2020 година со тоа што се согласи да му се приклучи на Мекларен во 2021 година.

Тоа му овозможи да стигне до уште една победа на трката на Италијанското ГП во 2021 година, но Рикардо тешко се бореше да се прилагоди на болидот на Мекларен и на крајот беше заменет со Оскар Пиастри во 2023 година, откако перформансите продолжија да опаѓаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ