Хорнер загрижен за грешките на Верстапен и Леклер

Макс Верстапен не успеа да изврти доволно брз круг на третиот квалификациски дел, додека Леклер излета во својот втор обид. 

Кристијан Хорнер верува дека Верстапен и Леклер излетале поради ветерот на квалификациите во Мајами. Верстапен заврши на деветта позиција во својот прв обид откако го кругот поради прешироко поминување во свиоците 5, 6, 7 и 8. Потоа, холанѓанецот не успеа да постави време откако излета Леклер и се појавија црвените знамиња на 36 секунди до крајот на сесијата. 

Требаше веднаш да се сопре сесијата за да се разгледаат можностите. Тешко е така да се постави брз круг. Чеко извозе одлично до пол позиција, но штета е што Макс не успеа – објасни тимскиот шеф на ред бул.

Серхио Перез беше најбрз и ја освои пол позиција. 

ТОј беше неверојатен и мислам дека може да биде и побрз. Другите зборуваа дека ветерот станува се посилен и тоа изгледа дека ги фати Макс и Шарл неподготвени, Но беше тешко во секој случај и Чеко ја заслужи пол позицијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ