Хорнер за успехот на Макс: Сведоци сме на нешто посебно

Кристијан Хорнер остана полн со пофалби за својот возач Макс Верстапен откако овој стигна до рекордна 14та победа во една сезона.

Холанѓанецот држеше се под контрола на Ерманос Родригез и дојде до својот 14ти триумф во годината, рушејќи го рекордот на Михаел Шумахер и Себастијан Фетел.

Макс сруши уште еден рекорд и со сезоната која ја имаше досега, ова беше неверојатно возење. Поведе од пол позиција и во првиот свиок – искоментира Хорнер.

Тој навистина ја контролираше трката. Мислам дека донесовме правилни одлуки со стратегијата. Софт и медиум гумите дефинитивно беа подобрите компоненти.

На две трки до крајот на сезоната, Верстапен има можност да го подобри својот рекорд и потенцијално да стигне до 16 победи од 22 трки во една сезона. Запрашан за значењето на ова постигнување, Хорнер го искоментира нивото на перформанси од Верстапен во 2022 година.

Тој е нешто многу посебно и мислам дека сме сведоци на нешто навистина многу посебно. Тој вози на неверојатно високо ниво.

По трка како оваа, контролата која прикажа за да ја продолжи серијата со софт гумите, а потоа и да го постигне саканото темпо со медиум гумите е нешто посебно. Денес беа донесени сите правилни одлуки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ