Хорнер му одговори на „нервозниот“ Волф

Кристијан Хорнер му одговори на Тото ВОлф поради нервозниот коментар за доминацијата на Макс Верстапен.

Двократниот шампион ги уништи своите конкуренти со возењето во Шпанија со што стигна со својот прв Грен Слем оваа сезона и водство од 24 секунди пред второпласираниот Луис Хамилтон.

Волф призна дека доминацијата на Верстапен е неверојатна победувајќи на 20 од 29 трки под новите правила и дека веќе станал нервозен.

Хорнер му одговори дека губењето боли и не го следи со внимание тоа што го кажува.

Не го следам многу со внимание. Најважни се резултатите. Поминавме седум години за да дојдеме до победи. Работиме напорно како тим, како целина и не е само Макс. Имаме одлични возачи и Макс продолжува со својата еволуција како возач и само треба да го подобриме бидејќи болидот е импресивен.

Победата во Барселона беше 40та за Верстапен кој за прв пат победи пред седум години на истата патека откако Розберг и Хамилтон се удрија меѓу себе во првиот круг.

Во 2016 беше уште млад и неверојатно брз и талентиран. Има природна брзина и сега има искуство и подобрување. Капацитетот кој го има го позна и Хелмут. Возбудливото е што тој станува се подобар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ