Хорнер му предлага алтернтива на Андрети

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, има свој предлог до Андрети Глобал, а вов врска со начинот на кој тие би влегле во Формула 1, посочувајќи дека треба да побараат да купат некоја екипа наместо да инсситираат да почнат “од нула“.

Американците веќе цела година агресивно бараат место на гридот како 11та екипа,а во Јануари официјално потврдија дека ќе соработуваат со гигантот Џенерал Моторс односно нивниот бренд Кадилак.

Хорнер посочи дека некои од најуспешните екипи во историјата на спортот, вклучително и неговиот Ред Бул, купиле некоја постоечка екипа за да бидат дел од Формула 1.

ред бул рејсинг беше јагуар, кои па претходно беа стјуард форд. погледнете ги мерцедес, тие беа хонда, беа бар, а претходно тајрел. астон мартин претходно беа џордан, и тоа е долгогодишна историја.

јас немам ништо против андрети, тие се одлична група на луѓе, а кадилак е прекрасен бренд, но треба да имаме некакви креитериуми од 2026 година за да не се разводни вредноста на серијата, особено за помалите екипи.

во однос на новите екипи, ако се плати голема сума за пари тоа не значи дека некои екипи губат вредност по автоматизам во исто време. либерти и екипите треба да го прифатат тоа затоа што компромисите се неизбежни.

андрети се одлична екипа, марио е синноним за формула 1, кадилак е дел од еден од најголемите производиели на автомобили во светот, така што ќе биде одлично да им се даде шанса за да станат дел од спотртот – изјави хорнер за Daily Mail.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ