Хорнер: Нашиот успех ги повреди конкурентите

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека успехот на Ред Бул оваа сезона им наштетил на конкурентите, но смета дека борбата со Мерцедес и Ферари може да се вжешти. 

Ред Бул победија на 17 трки оваа сезона и доминираа како никој тим до сега. Макс Верстапен победи на 15 трки во текот на сезоната што е нов рекорд, подобрување од остварувањата на Себастијан Фетел и Михаел Шумахер.

Кога имате 17 поебди и сите го гледаат тоа што го правите, сфаќате дека сте ги повредиле конкурентите. Сигурен сум дека ќе имаат поголема мотивација за болидот за наредната сезона. Тие се топ тимови и ништо не е гарантирано за следната година – смета хорнер.

Но, успехот на Ред Бул не помина без контроверзии. Тимот го надминал буџетот за минатата сезона и доби казна со која е намалено времето кое може да го поминат во воздушен тунел. 

Ова е процес на константно учење. Колку си повиско толку се поостри ножевите. Тоа го сфативме минатата година.

Ние сме подружница на фабрика за енергетски пијалоци која се бори против историски фабрики за автомобили

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ