Хорнер најави можна промена на шасија кај Перез

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, најави дека е можна промена на шасијата на болидот на Серхио Перез.

Мексиканецот имаше силен судар на првиот свиок, Сент Девот, во Монако во првиот квалификациски сегмент откако сериозно ја промаши точката на кочење.

Мексиканецот победи на градскит етрки во Саудиска Арабија и Азрбејџан и во моментов е на второ место во поредокот, но направи голема грешка во Монте Карло откако вниманието му го одвлече Алпин болидот кој излегуваше во боксот и тој заврши странично во оградата. Тоа значи почеток од последното место на гридот иако кога се судри имаше време за К2, но патеката силно напредуваше и времињата се подобрија.

за жал пере направи голема грешка на почетокот од првиот сегмент во квалификациите. веројатно вниманието му го одвлече болидот на алпин кој десно од него излегуваше од боксот и поради тоа погрешно ја процени кривината, а патеката стануваше се побрза и тој ќе тргне од последно место – потврди хорнер.

Запрашан за сериозноста на штетата на РБ19 болидот, тој одговори:

можеби ќе мора многу да менуваме како на пример шасијата, но во моментов тоа е само претпоставка, тешко е да се каже.

макс тргна од пол позиција пред неколку години и едвај стигна до топ 10.

поени со чеко се вел на тркава, веројатно ќе се решиме за една промена на гуми и ако влезе во некаков воз, тешко е да престигнува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ