Хорнер нема да преговара за својот персонал

Кристијан Хорнер ги отфрли гласините дека членови на техничкиот тим на Ред Бул се користат во преговорите со Ферари за Лорен Мекиес. 

Тој изјави дека Ред Бул не планира да загуби персонал. Претходно се зборуваше дека Ферари веќе примамил персонал од Ред Бул да премине во Скудерија. 

Лорен Мекиес од Ферари ќе се приклучи на АлфаТаури но нема сеуште официјален датум. 

Како и обично има многу шпекулации. Сега има размена на заложници за Лорен Мекиес. Ние немаме заложници. Нема планови за заминување на персонал во Ферари. Слушнав дека се зборува за некои вработени но тоа се само шпекулации. Во Ф1 тоа е неизбежно, но немаме сениорски персонал кој ќе замине во Маранело. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ