Хорнер: Нема место за Биното во Ред Бул

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, посочи дека во “неговата“ екипа нема место за поранешниот шеф на Ферари, Матиа Биното.

По крајот на минатата сезона, Биното беше отстранет од шефовското место во трофејната екипа од Маранело откако имаше моќен старт на сезоната, но следуваа многу грешки како со болидот, така и со стратегијата.

Хорнер го пофали својот колега од Скудерија и откри дека му е жал за се што му се случило, но најави дека нема намера да го донесе во Милтон Кинс.

нема место за него во нашата екипа затоа што навистина не знам која улога би ја имал во ред бул. веројатно има подобра шанса и подобро за него е да отиде во некоја екипа од подолниот дел на гридот – изјави хорнер за Eurosport Italy.

Тото Волф исто така брзо демантираше било каква можност да го засили тимот со поранешинот шеф на Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ