Хорнер објасни зошто е против Андрети

Иако многумина се задоволни од желбата на Андрети и Кадилак да влезат во Формула 1, сепак има некој на кого не му се допаѓа ова. 

Критијан Хорнер од Ред Бул објасни зошто некои екипи се против влезот на Андрети во Формула 1, потег со кој би се намалила наградата за тимовите поради поделба на наградниот фонд на повеќе делови. 

Доколку дојде уште еден или два тима, тогаш наместо на 10 делови, наградниот фонд ќе се дели на повеќе и ќе се намали моменталната вредност. Има два тима кои ја подржуваат идејата, бидејќи имаат подршка од САД или ќе им доставуваат мотор – откри хорнер.

Формула 1 во моментов има правило со кое нов тим треба да уплати 200 милиони долари кои ќе се поделат помеѓу актуелните екипи. Но, доколку Андрети се приклучи на гридот во 2026 година, може да го избегне ова правило. Хорнер смета дека моемнталните 10 тимови се доволни и не треба да има нови. 

Овие 10 тимови се во одлична состојба и мислам дека сме доста популарни, имаме одграничен буџет и сме во добра позиција. Мислам дека Формула 1 треба да е свесена за поделбата и проблемите кои ќе настанат во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ