Хорнер објасни зошто се откажале од Тиктум

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека Дан Тиктум не ја искористил укажаната можност од нивната јуниорска програма и поради тоа е отпуштен од Милтон Кинс.

Тој официјално е дел од Ред Бул од 2017 година, напредуваше низ ГП3, Форула 3 и Формула 2 тркачките серии откако отслужи двегодишна казна за претекнување под Безбедносно возило и намерно удирање на ривал во МСА Формула.

20-годишникот беше поврзуван со Торо Росо штом ќе добие доволно поени на својата супер лиценца, а првото искуство во актуелен Формула 1 болид го имаше на тестовите за Ред бул во Бахреи и во Шпанија.

Сепак, во пресрет на Австриското Гранд При, доктор Хелмут Марко изјави дека тој повеќе не е дел од нивната програма, а причините ги пбразложи Кристијан Хорнер.

нашата програма се базира на резултати, а на него не му оди во јапонија и нашата соработка немаше смисла.

тој беше дел од нашата јуниорска екипа и решивме дека не е вистинскиот човек за да продолжиме да соработуваме и не беше опција за нас или за ред бул и поради тоа прекинавме.

тој доби шанса, му беше дадена можност да се токаже, а возачите мора да ја искористат таквата можност – појасни хорнер.

Следна надеж на Ред бул е Патрицио О’Вард кој го има своето деби во Формула 2 викендов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ