Хорнер откри како Ред Бул го “грабнале“ Макс од Мерцедес

Кристијан Хорнер откри како Ред Бул ги победиле Мерцедес за потписот на 16-годишниот талентиран Макс Верстапен.

По доминацијата во картинг деновите против своите врсници, доктор Хелмут Марко и легендарниот Ники Лауда се бореле за потписот на чудото од дете. Очигледно Ред Бул ја добиле таа битка и 6 месеци подоцна, кусо по неговиот 17ти родеден, му дадоа шанса на Макс да вози за јуниорскиот Торо Росо во Формула 1.

Само 14 месеци подоцна, тој беше унапреден во врвниот и конкурентен Ред Бул каде победи на своето деби на Големата награда на Шпанија и стана најмлад возач кој водел трка, завршил на подиум и победил во исти ден. Сега 23-годишниот возач води во шампионатот и е на прагот да освои титула, а неговите шефови се присетуваат на деновите кога го потпишале.

прв пат чув за макс кога читав за картинг серии и секако преку моите контакти кои ги следат тие серии. но, кога додје во формула 3 неговиот талент почна да се издвојува. првата трка ја имаше на силверстон, момче кое немаше јуниорски трки зад себе и дојде директно во формула 3 од картинг, нешто што во тоа време беше сметано за огромен чекор, а одеднаш беше на чело и победуваше на трки.

сето тоа го правеше во болид кој традиционално не беше помеѓу најсините, така што ни стана јасно дека имаме потенцијален шампион во иднина и во тој момент хелмут марко почна многу темелно да го следи.

на хокенхајм во 2014 година јас бев на вечер со хелмут, а тој ми кажа дека и ники лауда се обидува да го потпише макс за мерцедес и бараше мислење од мене. штом го знав тоа му кажав да му понудиме нешто што мерцедес не може да му го даде.

ники силно притискаше, а помеѓу него и хелмут потоеше таа австриска гордост кој ќе го земе макс под свое. нашата предност беше тоа што имавме место и во торо росо и полесно можевме да ризикуваме. се договоривме, а подоцна таа година му дадовме шанса да вози формула 1 болид на сузука и беше сензационално – се присети хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ