Хорнер: Перез ќе беше преспор со едно застанување

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека Серхио Перез ќе бил преспор доколку бил на стратегија со едно застанување во Абу Даби. 

Перез ја загуби борбата со Шарл Леклер за второто место во возачкиот поредок откако два пати менуваше гуми и ја намалуваше разликата за половина секунда по круг, но не успеа да го престигне.  Хорнер објасни дека на Перез му требало повеќе за да може да стигне до крајот. 

На радио го слушавме како се жали на гумите дека му се потрошени и дека Ферари се подготвуваат за андеркат. Проблемот со Чеко стратешки беше дека ќе треба да биде на едно застанување кое ќе биде предолго. Ќе му недостасуваа многу кругови на крајот со потрошени гуми. Избравме да се обидеме и да нападнеме. Мислам дека со еден дополнителен круг ќе го стигнеше – објасни шефот хорнер.

Прераното менување на Чеко ги натера Ред Бул да одат на две застанувања. 

Сметавме дека е подобро да има гуми на крајот за напад отколку да мора да се брани. Можеби доколку го нападнеше Хамилтон, но сепак има многу непознати и сините знамиња не му помогнаа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ