Хорнер открива на што се должи успехот на Ред Бул

Тимот освои 19 од последните 20 Гранд При трки по победата на Макс Верстапен на Силверстон.

Кристијан Хорнер признава дека неодамнешната доминација на Ред Бул во Формула 1 е поголема затоа што се водат по прописите за ограничување на трошоците.

Откако беа воведени правилата за земјен ефект за почетокот на 2022 година, Хорнер го водеше тимот до 27 победи од 32 Гранд При трки, вклучувајќи ги сите 10 во сезоната од 2023 година до ГН на Британија.

Победата на Макс Верстапен во Силверстон беше 11та за тимот по ред, израмнувајќи го рекордот на сите времиња на Мекларен поставен во 1988 година.

Тимовите сега се ограничени во она што можат да го трошат по сезона, преку финансиските регулативи кои стапија на сила пред 2021 година, што значи дека големите тимови како Ред Бул, Мерцедес и Ферари ги скратија трошоците.

Токму во ова опкружување Ред Бул го започна својот втор успешен период, по ерата на Себастијан Фетел помеѓу 2010 и 2013 година.

Да, мислам дека е така – изјави Хорнер кога беше прашан дали успехот е поголем под ограничувањата на трошокот.

Тоа е сведоштво за начинот на кој функционира целиот тим бидејќи ограничувањето на трошоците ве принудува да донесувате тешки одлуки за развојот, за луѓето, за задржувањето на персоналот.

Моравме да се збогуваме со некои долгогодишни вработени во последните неколку месеци, но мораме да продолжиме да се развиваме како тим.

Културата и духот што ги имаме во тимот е она што не води напред.

Мислам дека работиме на највисоко ниво што овој тим го видел во нашата 19 годишна историја.

Се сведува на тоа колку долго можеме да продолжиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ