Хорнер: Притисокот да се отстрани Маси не беше исправен

Кристијан Хорнер верува дека одлуката на ФИА да се отстрани Мајкл Маси од функцијата директор за трка била престрога и смета дека притисокот кој довел до тоа не бил праведен.

Маси ја плати ценат за начинот на кој го менаџираше ланското Абу Даби Гранд При на кое се реши титулата помеѓу Макс Верстаоен и Луис Хамилтон. ФИА веќе темелно работи на истрага за се што се случи на трката по што ќе следува анализа и заклучоци. Едуари Фреитас и Нилс Вич, потпомогнати од Херби Блаш и виртуелна контрола на трка налик на фудбалски ВАР ќе судар на трките годинава.

Хорнер го поздрави враќањето на Херби Блаш во спортот како и воведувањето на нова и најсовремена технологија во процесот на одлучување, но посочи дека отстранувањето на Маси е премногу строго.

тешка одлука, но тоа е работа на фиа. сепак, мислам дека беше престрого затоа што тој беше во претерано тешка позиција лани. кога ќе видите што имаше на располагање во однос на ресурси споредено со тоа што го имаат екипите, разликата е огромна.

добро е да се чуе дека воведуваат работи слични на вар, како и дека го носат еден од најискусните, херби блаш. сепак, мислам дека надворешниот притисок да се отстрани маси беше преголем и неправичен, тоа е мое мислење – посочи хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ