Хорнер: Ред Бул немаше да прави мотор доколку Хонда останеше

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, изјави дека тие немало да прават свој мотор доколку знаеле дека Хонда ќе се врати во спортот од 2026 година. 

Хонда најави дека ќе си замине од спортот во 2021 година, но се согласи да продолжи да соработува со Ред Бул до 2025 година. Потоа Хонда се враќа целосно и официјално во спортот, но како добавувач на мотори во Астон Мартин. 

Макс Верстапен им донесе две возачки титули и една конструкторска и смета дека е штета што ќе продолжат да работат со Астон. Хорнер, сепак, додаде дека тие немало да развиваат свој мотор доколку Хонда останела со нив и тие не сакаат да се само клиент. 

Мислам дека ние сме повеќе од клиент. Сакаме мотор од наша фабрика интегриран со шасијата и сите инженери да се на едно место. Немаше да го направиме тоа доколку Хонда не се повлечеше – посочи британецот.

Правењето на Ред Бул Пауертраинс донесе нови работни места во Милтон Кинс и со тоа се намалија трошоците на тимот. 

Од многу аспекти благодарни сме за тоа што правиме наша фабрика. Работните места и партнерството со Форд ни помага доста во проектот. Дали ќе ја донесевме истата одлука знаејќи дека Хонда ќе се врати? секако дека не, Но ја донесовме и остануваме на тоа. 

Ред Бул и Хонда разговараа за евентуална соработка под нови правила, но не се договорија поради многу компромиси кои морало да се направат и подоцна Ред бул ја објавија соработката со Форд. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ