Хорнер: Ред Бул ја чувстува болката на Мерцедес

Кристијан Хорнер верува дека Мерцедес оваа сезона биле во слична ситуација како Ред Бул пред 10 години. 

Мерцедес ги освои сите конструкторски титули од 2014 година до оваа, но поради проблеми со болидот оваа сезона и само една победа, титулата му припадна на Ред Бул. 

Знам низ што поминуваат. Во 2013 година доминиравме и наредната година не немаше, Но останавме фокусирани на целта.

Многумина од тие луѓе се сеуште со нас и веруваат во идејата да се вратиме на победничките патеки. Се поправивме минатата сезона, но не ја освоивме титулата. Сега сме подобри и ја имаме титулата. Тоа е потврда за посветената работа – посочи кристијан хорнер, тимскиот шеф.

Ред Бул во 2013 година победија на 13 трки со Себастијан Фетел, додека оваа сезона со двајцата возачи победија на 17 трки и ја освоија титулата. 

Беше тешко, но успеавме да го постигнеме рекордот кој го имавме. Минатата година ја исцедивме целата енергија. Една од најголемите работи кои ги загубивме е нашиот сопственик Дитер Матешич. Титулата му ја посеветуваме нему.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ