Хорнер: Рено беа во Ф1 само за маркетинг

Кристијан Хорнер смета дека со старото раководство, Рено биле во Формула 1 исклучиво поради маркетиншки цели.

Пред турбо хибридната ера да стапи на сила, Ред бул и Рено беа партнери кои заедно освоија четири шампионски титули од 2010 до 2013 година. Но, со промената на правилата, французите не успејаа да направат силен мотор кој може да му парира на Мерцеде и поради тоа Ред Бул не успеваа д ги предизвикаат “сребрените стрели“.

Осврнувајќи се на минатото, Хорнер откри дека бил во Франција со цел да го убеди првиот човек во тоа време, да инвестира повеќе, но за разлика од сегашниот Главен извршен директор, Лука де Мео, тогашното раководство не размислувало многу за перформанси.

беше многу тешко затоа што ние бевме класичен нивни муштерија. морав да одам неколку пати во парис и да имам состанок со карлос гхосн, претседателот на компанијата во тоа време, за да му кажам дека формула 1 е бизнис каде се трошат многу пари, но ќе мора да потроши уште повеќе, во спротивно со тогашното трошење нема да го добие тоа што го сака.

но, тој со срцето никогаш не беше во формула 1, а спортот за него беше само маркетинг кој требаше да продаде повеќе автомобили. немаше страст и не можеше да очекуваме многу од таква соработка.

сегашниот шеф на рено е полн со страст и сака перформанси, а резултатите ќе дојдат со толку силна поддршка од врвот на така моќна компанија – откри хорнер.

На крајот, Ред Бул одлучија да прекинат да соработуваат со Рено и да почнат да користат јапонски мотори од Хонда по очајната соработка на Хонда со Мекларен. Но, Кристијан бил свесен дека мора да проба нешто поинаку и бил целосно изненаден од менталитетот на јапонците.

секогаш постои пат за враќање на врвот, така што мора да го видите тој пат и да сфатите што треба да направите за да тргнете по него. имаме јасна слика што е наша болна страна затоа што имавме мотор кој не беше на исто ниво со конкуренцијата и моравме да промениме доставувач на мотор.

дадовме се од себе да ги притиснеме и мотивираме да станат поконкурентни за да можеме заедно да победуваме на трки, да ги коритиме можностите, но не успеавме. решивме да ризикуваме затоа што мораше нешто да направиме. ги повторувавме грешките и решивме да направиме нешто поинаку со хонда.

хонда имаше катастрофа со мекларен, тие буквално ги откачија, така што јапонците беа на прагот да го напуштат портот, но видовме дека имаат слична страс со нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ