Хорнер сака да се прошета низ фабриката на Мерцедес

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, ја користи секоја шанса да му помогне на својот тими овој пат влезе во хуманитарна аукција која ќе му овозможи тура низ фабриката на Мерцедес во Бракли. 

Новата сезона е многу блиску поради што тимовите ги прават последните подготовки. Ред Бул и Макс Верстапен се надеваат дека нивниот РБ18 ќе им помогне да ја одбранат возачката титула освоена лани. 

Гран При Труст, компанија која дава помош и совети на Формула 1 тимовите  и нивниот персонал за да може да се врати назад дома по многуте патувања и во моментов организира аукција за Формула 1 заедницата. Мерцедес понудија тура низ фабриката и во моментов најголемата понудена сума е 4.000 фунти од страна на Кристијан Хорнер. 

Не се знае дали зад името стои директно Хорнер или некој го користи неговото име, но не е тајна дека шефот на Ред Бул би платил за да се прошета низ фабриката на Мерцедес. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ