Хорнер: Сарџент е добра вест за Ф1

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, изјави дека доаѓањето на американецот Логан Сарџант е добра вест за спортот. 

Минатата недела беше најавено дека Вилијамс ќе го донесат во тимот доколку возачот ги обезбеди доволните поени на неговата супер лиценца. Популарноста на Формула 1 во Америка расте и наредната година ќе има три трки на американскиот континент.

Мислам дека тоа се одлични вести. Му честитам на Јост и Вилијамс и мислам дека тој ќе успее да обезбеди поени на супер лиценцата. Растот во САД е огромен и има многу возбуда. Ги видов плановите на Вегас каде се подготвува легендарен настан, Но не ни е потребен само американски возач, туку успешен американски возач – посочи хорнер.

Тој би сакал повеќе американски таленти да се развиваат во јуниорските програми. 

Секако имаме интересни кандидати за нашата јуниорска програма во која инвестираме. 

Во Ред Бул го имаме во моментов американецот Џек Крафорд кој ја извозе втората Формула 3 сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ