Хорнер: Себ може да стане менаџер на возачи

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул и шеф на Себастијан Фетел во неговите шампионски денови, верува дека германецот може да стане менаџер на возачи во иднина, откако ја одработе последната сезона во Формула 1.

Четирикратниот првак се повлече од Гранд При тркањето на крајот на оваа сезона по 16 години минати во спортот од кои 6 мина во Торо Росо и Ред Бул, победи 39 пати за нив и освои четири титули работејќи со Хорнер.

Себ сеуште не потврди што сака да прави по пензионирањето, единствено посочи дека повеќе време ќе посвети на семејството, а многумина веќе го сместија во местото на доктор Хелмут Марко кој години наназад е незаменлив дел од Ред Бул.

тој е одличен со луѓе и ја разбира нивната вредност како и тоа што треба да помогне за тие да успеат. тој во последно време стана како советник на возачите и зависи од него што ќе сака да работи во иднина.

тој е онаков човек кој ќе биде многу добар во што и да одбере да прави, така што сигурен сум каква и да одбере кариера, ќе биде успешен – посочи хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ