Хорнер, сепак, нема да може да се шета низ фабриката на Мерцедес

Намерата на Кристијан Хорнер да се прошета низ фабриката за Мерцедес откако на добротворна аукција купи билет за тоа, се чини дека нема да се оствари поради условите на наддавањето.

Тимскиот шеф го имаше победничкото наддавање од 4 илјади фунти за прошетка низ фабриката на Мерцедес како дел од кампањата на Аутоспорт за собирање на средства кои ќе се уплатат за добротворни цели.

Откако стана јасно дека никој нема да понуди повеќе од него, тој откри дека ќе 20 инжнери и колеги од Ред Бул со себе на прошетка во Бракли, но се чини дека нема да добие можност ни самиот да влезе во фабриката поради условите на наддавањето.

При објавувањето на понудата за која ќе се лицитира, Мерцедес јасно ставиле до знаење дека вработен во некоја екипа од гридот нема да смее да го искористи правото на тура низ нивната фабрика, но и покрај тоа, тие може да му дозволат прошетка на Хорнер.

сеуште не сме разговарале. за да му дозволиме на хорнер, мора да одлучиме да ги игнорираме условите на понудата. секогаш се исплатува да се читаат работите со ситни букви – изјави портпарол на мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ