Хорнер се кае што престанал да се трка на 25 години

Кристијан Хорнер откри дека се кае што решил да престане со тркањето кога имал само 25 години.

49-годишниот успешен шеф на шампионскиот Ред Бул одлично ја врши својата функција крај патеката откако своевремено се тркаше за својот Арден тим и сонуваше да стане дел од Формула 1 гридот. Последна тркачка сезона за британецот била во 1998 година, а откри дека се откажал затоа што едноставно не можел да се носи со ризикот кој го носи тркањето.

престанав затоа што дојдов до формула 1 и сфатив дека болидите се претерано моќни, а ризикот за мене беше преголем. можноста да се исклучи главата од срцето е фантастична, но за мене тоа беше тешко, не можев да го правам.

ми се јави некој глас кој ми кажа дека тоа е глупаво и знаев дека во тој момент морам да престанам да се тркам – откри хорнер.

Иако како воач не се докажа, сепак тој е женет со Џери Халивел, поранешна членка на Спајс Грлс, а неговиот Ред Бул тим е страшно успешен под негово водство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ