Хорнер се плаши од заминување на други вработени

Со заминувањето на Роб Маршал во Мекларен, Кристијан Хорнер смета дека ќе биде предизвикувачки да го задржи персоналот со лимитиран буџет.

Во мај беше потврдено дека Маршал кој е главен инжинер во Ред Бул ќе замине во Мекларен како нов технички директор.

Секако е проблем. Не може да им се гарантира позиција на сите вработени. Роб беше фокусиран на повеќе проекти во последните години и понудата на Мекларен сигурно е половина од буџетот. Не може да го обвиниме за заминувањето.

Тој сепак смета дека со ваквото движење на персонал ќе дојде до „надувување“ на платите.

Не е проблем што персонал кој бил долго во тимот решава да замине за голема сума, но не сакам да видам како платите стануваат преголеми.  Не може да се оправдаат 10 млади инжинери против еден искусен бидејќи нема никаков смисол. Имаме ограничувања во тој дел и Џејн Пули работи на тоа. Таа беше исклучок кој моравме да го направиме бидејќи не можевме да ги оправдаме средствата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ