Хорнер се сеќава на заминувањето на Фетел во Ферари

Тимскипт шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, имаше извонредни моменти со Себастијан Фетел, но бил изненаден со неговото заминување во Ферари во 2015 година. 

Хорнер и Фетел работеа заедно долг период откако Фетел се приклучи на Формула 1 во 2006 како јуниор на Ред Бул, а дојде во сениорскиот тим во 2009 година. Германецот освои четири титули со Ред Бул и подоцна замина во тимот на Ферари. 

Не бевме конкурентни во тоа време иако Мерцедес имаше голема предност. Ферари личеа како да се добри додека Рено сеуште се средуваа. Не можевме да се справиме со тоа и тој сакаше да ги следи стапките на Михаел Шумахер во Ферари бидејќи разбирливо немаше конкурентен болид од нас – се присетува хорнер.

Фетел дојде до 38 победи со Ред Бул за време на нивната доминација, а првата титула ја освои како најмлад возач во историјата. Хорнер продолжи да се сеќава на квалитетите на Фетел поради кои успеал во спортот.

Тажно е што ќе замине, но ова е вистинско време за него. Тој одигра важна улога во тимот. беше задоволство да се работи со него затоа што е посветен во барање на перформанси и е можеби највредниот возач на кој сум налетал. имавме одлични моменти со тие четири титули. му посакувам се најдобро и да ужива во последните трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ