Хорнер сигурен: Никој не може да го повтори успехот на Макс во истиот болид

Серхио Перез не успеа соодветно да го предизвика Макс Верстапен во борба за овогодинешниот наслов, поради што тимскиот шеф, Кристијан Хорнер, верува дека никој возач не може да го постигне успехот на холанѓанецот со истиот болид.

Мексиканецот Перез заврши на 3то место во возачкиот поредок откако загуби во борбата за 2ро место од Шарл Леклер од Ферари собирајќи вкупно 305 поени во текот на сезоната, речиси 150 помалку од Макс Верстапен.

Односот помеѓу возачите на Ред Бул беше лош во Бразил откако Верстапен одби да му ја врати позицијата кој Перез претходно му ја предаде, а со цел да му помогне во борбата аз 2то место против Леклер. На крајот, во тимот може да здивнат затоа што тие поени не влијаена на крајниот исход кој Леклер си го одработе за највисок пласман во возачкиот поредок за него.

мора да се погледне сезонаа како целина и мислам дека ако се анализираат чеко и шарл, ќе се раберат пропуштените можности, кои веројатно беа повеќебројни кај леклер. перформансите мора да се гледаат во текот на годината, а не само на една трка, но чеко имаше најдобра сезона во својата кариера, победи во мексико, извонреден беше во сингапур, најдобра трка од него.

мислам дека има многу позитивни работи и треба да биде задоволен затоа што прв пат завршува во топ 3 кај возачите во шампионатот, а дополнително, научи многу – посочи хорнер.

Перез не успеа да дојде до нивото и перформансите на својот колега, но Хорнер смета дека никој возач со идентичен РБ18 е можел против холанѓанеот.

мислам дека макс беше на ниво кое е недостижно за било кој. начинот на кој во моментов вози е ендостижен за било кој о истиот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ