Хорнер смета дека Рикардо е подготвен да се трка

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека Даниел Рикардо е подготвен да се трка во конкурентна екипа.

Австралијанецот остана без место на гридот откако лани предвреме го раскина договорот со Мекларен по две разочарувачки сезони со екипата и се надева дека по една година пауза ќе се врати на гридот во некоја силна екипа.

Австралиското Гранд При, домашната трка на Рикардо, беше првиот настан каде тој беше присутен на гридот, а Хорнер објасни дека возачот е подготвен да се врати на тркањето.

би рекол дека му требаат 10 минути и ќе биде цлосно подготвен затоа што е во одлична форма, работел и тренирал цело време – посочи хорнер од падокот во мелбурн.

моравме малку да го нахраниме, не знам што сте му направиле, се врати некако ослабен, но во моментов изгледа многу здраво и работи напорно – му се обрати хорнер на зек браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ