Хорнер со свое мислење за Васур и Воулс

Неколку екипи добија свои нови шефови за време на зимската пауза, а Кристијан Хорнер е нетрпелив да види како неговите нови колеги ќе се снајдат.

Фредерик Васур дојде на чело на Ферари на местото на Матиа Биното, Андреас Сеидл од шеф на Мекларен стана Главен извршен директор на Алфа Ромео, а местото тимски шеф таму го пополни Алуни Бреви. Со Мекларен ќе раководи Андреа Стела, додека Вилијамс расчистија со Јост Капито и го донесоа главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Воулс.

беше интересно да се гледаат трансферите. јас го сакам матиа затоа што тој заврши одлична работа лани кога напреднаа многу во однос на претходно и не ми беше сеедно што ќе замине од ферари по толку долго време во екипата.

ќе биде интересно да се види како ќе се снајде фред откако беше добар со заубер и знам дека се работи за многу способен човек. ќе биде интересно, знам дека сите се способни и паметни и ќе мораме да видиме како ќе се одвиваат состаноците на формула 1 комисијата – објасни хорнер.

Преминот на главниот стратег на Мерцедес во Вилијамс, Хорнер смета дека нема да му биде од голема корист.

не го познавам џејмс многу добро, но јасно е дека многу способен. вилијамс сигурно темелно анализирале и мислам дека е одлично што му дадоа шанса да се покаже. сигурен сум дека вилијамс ќе бидат силни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ