Хорнер: Танабе се насмеа прв пат во три години

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, се пошегува дека првиот човек на Хонда, Тојохару Танабе, за прв пат се насмеал откако ја освоиле возачката титула во Абу Даби.

Претекнувањето на Верстапен над Хамилтон во последниот круг од трката им донесе прва титула на Хонда по Аиртон Сена во 1991 година, но одлуката да заминат од спортот на крајот од сезонава остана непроменет.

Танабе е технички шеф на јапонскиот производител за Формула 1 од почетокот на нивната соработка со Торо Росо во 2018 година, а Хорнер посочи дека тој не покажува емоции, освен кога Макс го освоил насловот.

штета што хонда заминува и официјално од формула 1 затоа што освојиа титула по пауза од 30 години, огромно достигнување и фантастичен момент за нив. танабе сан беше присутен и при претходната титула пред 30 години, беше сведок на тој настан. изгледа неверојатно слично како пред 30 години, таков човек е тој, не го видовме да се насмее три години откако соработуваме.

но, во абу даби ја извади маската и имаше огромна насмевка “од уво до уво“ поради тоа што беше неверојатно горд на постигнувањето со хонда. ние сме премогу благодарни за се што направија, што ни овозможија и дадоа и нетрпеливи сме и во иднина да продолжиме да соработуваме на некој начин со нив – посочи хорнер.

Со оглед на тоа што јапонците знаеја дека ќе си заминат од спортот на крајот на годината, донесоа целосно нов мотор за годинава, направија големи промени во моторот со внатрешно согорување и системот за повраток на енергијата и дојдоа на ниво на Мерцедес. Верстапен немаше проблеми со својот агрегат за време на целиот годинешен календар, а Хорнер посочи дека ќе ја завршеле сезоната и со планираните три мотори да не бил сударот на Макс во Силверстон.

страста, посветеноста и работната етика во хонда е неверојатна. кога се вратија во формула 1 имаа претежок период, но продолжија да работат напорно уште од почетокот и нашата соработка со нив беше феноменална. нивната работна навика е составен дел од нивната култура.

моторот кој го користевме годинава беше направен 12 месеци пред планот и ако немавме инцидент на силверстон, макс ќе ја завршеше сезоната со само три агрегати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ