Хорнер: Тсунода сеуште не е подготвен за Ред Бул

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека јапонецот Јуки Тсунода сеуште не е подготвен за место во Ред Бул.

Неодамна, Ралф Шумахер посочи дека Чеко Перез, кој патем има 33 години и договор со тимот до крајот на следната сезона, нема да добие продолжување затоа што екипата ги има Јуки Тсунода и Даиел Рикардо.

Јапонецот ја вози својата 3та сезона во сестринскиот АлфаТаури, а шефот Франц Тост смета дека конечно годинава тој е на вистинска патека.

во 2025 година мислам дека конечно ќе биде подготвен да вози за ред бул – смета франц за својот возач.

Но, тимскипт шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека таквите изјави не се на место.

не мислам дека јуки е на потребното ниво во моментов за да вози за нас, прави голем напредок, но не гледаме дека е доволно созреан.

секако дека е брз, собира многу искуство и сигурен сум дека ќе станува само подобар затоа што има одработено одлични трки до сега.

имаме опции за тимот за во иднина, иако сега можам само да потврдам дека сме посветени кон двајцата актуелни возачи. најдобро е за јуки само да даде се од себе во алфатаури.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ